Барање за сервис во гарантен рок на адреса

Ова барање се пополнува, исклучиво за уреди за кои следува сервис во гарантен рок на домашна адреса со гарантен лист на кој е наведен Сервис Македонија како овластен Сервисен Центар (и останатите документи наведени во барањето, како и тоа, уредот да ги исполнува гарантните услови).
– Уреди кои спаѓаат во категорија сервис во гарантен рок на домашна адреса:
– Машини за перење, машини перење/сушење, машини за сушење, машини за садови, бојлери, телевизори над 55 инчи, климатизери, фрижидери, фурни, плотни, шпорети.

Барањето е валидно само ако бидат уредно и точно пополнети сите барани податоци. Потврда за отворен налог за поправка ќе добиете на мејл адресата (која ја приложувате со ова барање).

За некои состојби на уредот кои личат на дефект, може да најдете решение во упатството за употреба. Чистење на филтри, запушен одвод во инсталацијата на домот, несоодветна локација на уредот (пр. Машина за перење или фрижидер се користи надвор…), слаб напон на електричната мрежа, повремена употреба на програмите за одржување на уредот (види упатство) и други одржувања и начин на употреба на уредот кои се обврска на корисникот (упатство за употреба), не се покриени со услугата Сервисна интервенција во гарантен рок!

Ако биде утврдена состојба која спаѓа под корисничко одржување (чистење филтри, чистење на уредот по упатството за употреба и друго) или надворешен фактор (лоша доводна/одводна инсталација, слаб напон на електрична мрежа, несоодветна локација на уредот и друго), посетата ќе биде наплатена според ценовникот на Сервис Македонија.
Имајте во предвид дека правилно и редовно одржување на вашиот уред, според упатството за употреба, го продолжува рокот на употреба и ја намалува опасноста од дефекти.

БАРАЊЕТО ЗА ОВОЈ ТИП НА ПОПРАВКА ЗА УРЕДИ ОД БРЕНДОТ САМСУНГ

СЕ ПРАВИ ПРЕКУ ЦЕНТАРОТ ЗА ПОВИЦИ НА САМСУНГ НА БРОЈ 02 32 07777

    *Сервисниот Центар го задржува правото да го земе уредот за кој ќе се констатира дека е потребна дијагностика и поправка во Сервисен Центар заради специфичност на грешката или немање на услови за изведба на поправката на локацијата на уредот (мал простор итн). Уредот во ваква ситуација ќе биде третиран според истите услови (гарантни услови).

    Scroll to Top