Донеси уред во сервис центар

ВО ГАРАНТЕН РОК:

Уреди кои треба да се дoнесат во Сервисен Центар за сервис во гарантен рок (или матична продавница за праќање кон Сервисен Центар) се:
Правосмукалки, Тостери, Микробранови печки, Аудио опрема, Греалки, Ситни домашни апарати, Телевизори до 50 инчи..

За овој тип на уреди, барање не треба да се пополнува од страна на корисникот – уредот се носи директно во Сервисниот центар или во матичната продавница која ќе го достави уредот до Сервисниот Центар. Последователно:
Сервисниот центар отвара налог за поправка ако уредот е донесен директно во СЦ.
Матичната продавница отвара сервисен тикет и го проследува уредот до Сервисниот Центар.
Задолжителни документи за сервис во гарантен рок се гарантен лист и фискална сметка (или фактура или испратница) како и тоа, уредот да ги исполнува гарантните услови.

ВАЖНО ЗА СИТНИТЕ ДОМАШНИ АПАРАТИ!

Проверете во гарантниот лист, дали вашиот уред подлежи на директна замена во случај на дефект во гарантен рок. Во случај на дефект во гарантен рок на уред за директна замена, обратете се во матичната продавница.

НАДВОР ОД ГАРАНТЕН РОК:

Уреди кои треба да се дoнесат во Сервисен Центар за сервис вон гарантен рок(или да се пратат со брза пошта) се:
Правосмукалки, Тостери, Аудио опрема, греалки, ситни домашни апарати, телевизори до 50 инчи..
За овој тип на уреди, барање не треба да се пополнува од страна на корисникот – уредот се носи директно во Сервисниот центар или праќа со брза пошта до Сервисниот Центар. Последователно:
Сервисниот центар отвара налог за поправка ако уредот е донесен директно во СЦ.
Ценовникот за овие поправки ќе го најдете на следниот линк, (ценовник).
*Корисникот со поднесување на ова барање има право да ја одбие поправката ако цената на чинење на поправката ја смета за неисплатлива но се обврзува да ја плати дијагностиката и транспортот (ако уредот се праќа по пошта) на уредот кој е проверуван во Сервисниот Центар, Сервис Македонија.
*Ако корисникот се согласи со цената на поправката, во цената нема додатно да бидат вклучувани дијагностиката и транспортот (за уредиите кои се праќаат по пошта).
Мејл адреси на кои треба да пристигне известување за отворен сервисен тикет во матична продавница.

Scroll to Top