Политика за рефундирање и враќање

Правила и услови за купување


Цените на сите производи на www.servismaked.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.

Сервис Македонија го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Корекција на цената во секој случај може да биде извршена од страна на Сервис Македонија, доколку се работи за очигледна техничка грешка сторена при впишување на цените на производите. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме. Во случај на постоење на очигледна техничка грешка сторена при впишување на цените на производите, Сервис Македонија веднаш ќе ги извести Купувачите кои извршиле нарачка или пак реализирале уплата за одредениот производ, а Купувачот во овој случај го задржува своето право да одлучи дали ќе ја откаже нарачката или не.

За купување на производи преку www.servismakedonija.mk важат редовните малопродажни цени. Евентуални попусти кои се случиле во меѓу време ќе бидат комуницирани со корисникот при подигање на производот. Количините на производите се ограничени. Согласно тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите.

Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на Сервис Македонија. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во рокот предвиден за плаќање. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и електронска пошта за потврда на нарачката. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на резервација на нарачката. При евентуални технички проблеми или грешки со интернет страната, Сервис Македонија има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.
Направената нарачка за плаќање директно во продавница ќе значи резервација на производот (или производите) во рок од 5 работни дена.
Направената нарачка за плаќање преку про-фактура ќе значи резервација на производот (или производите) во рок од 5 работни дена од датумот на достава на про-фактурата на електронската пошта на купувачот.
Ако корисникот не дојде да го плати и подигне резервираниот производ од продавницата во рок од 5 работни дена, резервацијата се поништува и производот се враќа во редовна продажба
Ако корисникот не изврши уплата по бараната про-фактура во рок од 5 работни дена од датумот на достава на истата на електронската пошта на купувачот, резервацијата се поништува и производот се враќа во редовна продажба

Плаќањето во продавницата можете да го остварите со следните платежни картички, издадени од било која банка: Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro или преку жиро сметка за примената про-фактура.

Подршка на корисници
За било какви информации и прашања во врска со производите на продажба на нашата ВЕБ страна, може да се јавите на телефонот 02/55 11 777 кој е достапен во периодот од 08:00 часот до 16:00 часот или да не комуницирате 24/7 преку нашиот e-mail prodavnica@servismakedonija.mk

Враќање и замена на производи
Купувачот има право да врати купен производ во период од 3 работни дена од датумот на подигање на уредот од продавница, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е подигнат, со сите етикети и ознаки кои ги имал при подигање.

Гаранција
Секој производ, купен во продавницата на Сервис Македонија, има соодветен гарантен рок кој зависи од состојбата на уредот. Гарантниот рок за секој производ ќе го најдете во описот на производот.

Гаранцијата нема да важи ако:
Не се достапни гарантниот лист или доказот за купување (фискална сметка или Фактура-испратница)
Има обиди за поправка на производот од неовластени сервиси
Има оштетувања или дефекти настанати при неправилна употреба на производот
Има физички оштетувања на производот
Гаранцијата на производот не ги покрива додатоците и компонентите кои имаат ограничен рок на траење.

КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА Сервис Македонија, И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.

Scroll to Top