Со Полисата за приватност, ќе ви појасниме каде и како се чуваат личните податоци на сите
регистрирани купувачи на нашата интернет страна. Оваа политика на приватност се однесува само за
www.servismakedonija.mk и поддомените. Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не
превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие
интернет страни.
Секој корисник при купување или регистрација, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика
на приватност.
Кои Информации ги собираме?
За време на посетата на интернет страната , Вашата приватност целосно се почитува. При посетата на
интернет страната https://www.servismakedonija.mk/ и останатите страни поврзани со оваа, ние ги обработуваме
Вашите лични податоци, само доколку доброворлно ги дадете преку регистрирање, доколку аплицирате за
работна позиција или доколку резервирате производ за купување.
Доколку се регистрирате, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се
користат за потребите за резервирање на производот, реализација на плаќањето, како и за рекламирање на
производи и услуги обезбедени од наша страна, доколку ја имате избрано оваа опција, а се чуваат согласно
одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
Од информациите кои ни се потребни при нарачка и/или регистрацијата ги издвојуваме:
• Име и презиме
• e-mail адреса
• Адреса за испорака на нарачката и
• телефон за контакт.
Компанијата може да собира и обработува лични податоци за следниве цели:
– Известувања за интервјуа за вработување
– Вработување или практична работа
– Анкета за задоволство на клиентите
– За доставување на фактура или профактура
– За да Ве контактираме: Да Ве контактираме по е-пошта, телефонски повици, СМС пораки или други
еквивалентни форми на електронска комуникација за да Ве известиме за некој заостанат долг
– За следење и реализација на нарачка
– За да Ви доставиме новости поврзани со продавницата и сервсините услуги
– За комуникација со надлежни државни институции (пример Министерство за внатрешни работи или
надлежни инспекциски установи)
– За споделување на информации со осигурителни друштва
– За осигурување на мобилна и техничка опрема
Категории на лични податоци што ги обработуваме:
– Пријави за вработување: име, презиме, датум на раѓање, место на раѓање, адреса на живеење,
државјанство, пол, ЕМБГ, степен и вид на образование, работно искуство, емаил адреса, телефонски
број за контакт
– Вработување: име и презиме, датум на раѓање, ЕМБГ, место на раѓање, адреса на живење,
државјанство, пол, степен и вид на образование, националност, трансакциска сметка, емаил адреса,
телефонски број за контакт
– Резервација на уред за продажба: име, презиме, телефон, е-адреса, место, поштенски код,
земја, промотивен код, забелешка за нарачката
Категории на корисници на податоци или примачи на кои можеме да им ги
доставиме личните податоци:
– Друштво за осигурување
– Друштво за осигурување кое врши осигурување на продукт
– Банки
– Управа за јавни приходи
– Царинска управа на Република Северна Македонија
– Министерство за внатрешни работи
– Надлежни инспекциски установи
– Судови
– Нотари и извршители
– Адвокати
– И останати овластени државни установи
Компанијата може да ги открие Вашите лични податоци доколку таквата акција е неопходна за:
Усогласување со некоја законска норма
Спречување или истражување на можни грешки при давањето на услугите од страна на компанијата
Заштита на личната безбедност на корисниците на услугата или на јавноста
Обработувачи кои можат да имаат пристап до личните податоци:
– Агенции за наплата на побарување, со цел вршење на услуги за наплата на побарувања
– Осигурителни друштва
– Банки
– Адвокати
– Маркетинг агенции, со цел вршење на активности со цел реализација на маркетинг активности и
известувања на корисници
– Надворешни изведувачи на ИТ услуги, со цел вршење на услуги за одржување на системите,
администрација и развој на системи и апликации
– Сметководители, со цел извршување на активности од областа на сметководството
– Надворешни даватели на услуги поврзани со архивирање на податоци
– Коммпании кои вршат достава на продукти
– Сервис кој врши сервисирање на продуктите на Нептун
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета
страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна
Македонија.
Сервис Македонија го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање
на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.
Вашите права како субјекти на лични податоци:
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект на лични податоци чии
лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:
– Да се информирате од Сервис Македонија околу начинот на обработката на личните податоци
вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени;
– Да побарате од Сервис Македонија да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци
се нецелосни, неточни или неажурирани со поднесување на барање;
– Да побарате од Сервис Македонија да ја огранични обработката на лични податоци со соодветно
означување кои лични податоци ќе се чуваат
– Да побарате од Сервис Македонија да ги избрише Вашите лични податоци
– Да поднесете барање до Сервис Македонија со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на
обработка на личните податоци
– Да поднесете приговор за начинот на обработката на Вашите лични податоци
Овие права може да ги остварите преку барање поднесено на info@servismakedonija.mk
. Со исклучок на податоците од финансиска природа, сите информации кои ги собираме од веб страната се
исклучиво за наша употреба (релација со корисници, следење на нарачка итн.) и истите не се предаваат на
други лица за било каков основ. Не собираме никакви информации од финансиска природа, како број на
картичка и сл. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени
исклучиво од страна на НЛБ Тутунска банка со цел наплата на продуктите/нарачките преку извршување
на трансакција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот
за наплата од кредитни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот користи современа заштита на
податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се
обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица. Ги превземаме сите
заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од
неовластен пристап и злоупотреба на истите.
Сервис Македонија Ве информира дека овој сајт користи текстуални датотеки наречени “cookies”. Без нив сајтот нема да
функционира правилно и многу од опциите нема да можете да ги видите. „Колачињата“ се мали текстуални
датотеки кои се запишуваат во вашиот компјутер или мобилен уред при посета на некоја веб страна.
Колачињата чуваат информации за вашите поставки во веб прелистувачот, како на пример: јазик, големина
на фонт како и самиот факт дека веќе сте посетиле одредени страници. На тој начин при повторна посета на
истата страница не мора повторно да ги поставувате. Некои од колачињата се неопходни за функционирање
на страниците, а некои служат и за собирање статистички податоци.
Со помош на ваквите фајлови се следи движењето на посетителите на страната по неа, и на тој начин се
собираат податоци како да се оптимизира и унапреди функционалноста на страната. Овие фајлови не се
поврзуваат со ваши лични податоци.
Сите информации кои се запишуваат во колачињата, Сервис Македонија ќе ги користи исклучиво за потребите на web
услугата или за статистички потреби и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена.
Доколку вашите лични податоци треба да бидат запишани во колачињата, тоа ќе биде со ваша претходна
согласност. Повеќе информации за тоа што се “cookies” и какви типови има можете да најддете овде
Контакт
Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви
било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè
контактирате на следната електронска адреса: info@servismakedonija.mk
Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични
податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту
една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.